Состојки:

  • 100 g Balviten Mix for Cake
  • 50 g оризово брашно
  • 80 g стопен путер
  • 1 жолчка
  • 50 g кафеав шеќер
  • 50 g бел шеќер
  • 3 полни лажици пире од тиква
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка сол

За обложување:
3 лажици шеќер, ½ лажичка цимет

Измешај го путерот со шеќерот, жолчката и пирето од тиква. Во посебен сад соедини ги брашната, содата и зачините. Додај ги сувите состојки во смесата со путер и измешај додека не добиеш еластично тесто. Остави го во фрижидер најмалку 30 минути.
Формирај топчиња со големина на орев, помини ги низ мешавината од шеќер и цимет, нареди ги на плех со хартија за печење и печи околу 13–15 минути на 175 °C.

По печењето, колачињата ќе бидат меки — остави ги малку да се изладат и ќе станат крцкави однадвор, а меки одвнатре 🧡

Tags: