Порано се верувало дека целијакијата е детска болест која може да се „прерасне“. Денес знаеме дека целијакијата е доживотна состојба која може да се појави кај мажи, жени и деца од сите возрасти и раси – и не може да се излекува, туку само да се контролира со соодветна исхрана.


Што е целијакија?

Целијакијата е сериозно генетско автоимуно заболување кое се јавува кога лицето внесува глутен – протеин присутен во пченица, ‘рж и јачмен. Кај лицата со целијакија, телото го препознава глутенот како „непријател“ и го напаѓа, при што се оштетува здравото ткиво, особено виличките на тенкото црево кои се одговорни за апсорпција на хранливи материи. Единствена ефикасна терапија засега е доживотна безглутенска исхрана.


Ризик-фактори кај децата

Иако секое дете – без разлика на возраст, пол или раса – може да развие целијакија, одредени фактори го зголемуваат ризикот:

🔹 Генетска поврзаност: Ако некое блиско семејно лице има целијакија, постои зголемен ризик. Целијакијата е наследна.

🔹 Присуство на други автоимуни болести: Лица со автоимуни нарушувања (како дијабет тип 1, автоимун тироидитис) имаат поголеми шанси да развијат целијакија.

🔹 Гени HLA-DQ2 и HLA-DQ8: Над 95% од лицата со целијакија имаат еден или двата гена. Присуството на гените не значи сигурен развој на болеста, туку зголемен ризик.


Симптоми на целијакија кај деца

Симптомите кај децата може да се појават на било која возраст и често се различни од возрасните. Еден од најчестите симптоми е раздразливост, особено кај малите деца. Исто така, само 20-30% од децата со целијакија имаат класични стомачни симптоми.


Најчести симптоми кај деца:

🔸 Намален апетит – Иако децата знаат да бидат пребирливи, децата со целијакија често одбиваат храна поради болки и непријатност после оброк со глутен.

🔸 Недоволен раст / доцнење во развој или пубертет – „Failure to thrive“ значи дека детето е значително помало во висина и тежина од своите врсници. До 10% од децата без јасна причина за забавен раст може да имаат целијакија.

🔸 Подуен стомак (потбели) – Многу деца имаат издут стомак како симптом на целијакија.


Други симптоми кои може да се појават кај деца:

  • Болки во стомакот
  • Анемија
  • Подуеност и гасови
  • Хронична дијареа или запек
  • Оштетена или обезбоена забна глеѓ
  • Доцен раст или пубертет
  • Хроничен замор
  • Недостаток на железо
  • Слаб пораст во тежина
  • Кожни осипи (дерматитис херпетиформис)
  • Тенки коски или чести фрактури
  • Повраќање

💡 Препознаваш ли некои од овие симптоми кај твоето дете? Контактирај педијатар и побарај тестирање за целијакија.

🛒 На www.glutenfree.mk нудиме широк асортиман на безбедни, безглутенски производи погодни и за најмладите – леб, колачиња, брашна, грицки и друго.

Tags: