Mac and Cheese во веганска, безглутенска и значително поздрава (и помалку калорична!) верзија.


1 мин. читање

Mac and Cheese во веганска, безглутенска и значително поздрава (и помалку калорична!) верзија.

Потребни состојки:

  • мала главица кроид
  • 5-6 лажици масло
  • сол
  • 1,5 чаши излупени и исечени на коцки компири
  • 0,5 чаши излупена и ситно исечена морков
  • 3 лажици нутритивен квасец
  • лажичка гранулиран лук
  • лажичка чадена пиперка
  • вода или сојано млеко
  • сок од лимон
  • 200 г безглутенски макарони Balviten
  • лута пиперка по вкус

Начин на подготовка:

  1. Исечете го кромидот и пропржете го на масло.
  2. Ставете ги компирите и морковите во солена вода и варете околу 15 минути додека не омекнат. Исцедете.
  3. Во топлите компири и моркови додадете кромид, нутритивен квасец, лук и пиперка. Изблендирајте во мазен сос – ако е премногу густ, додадете вода или сојано млеко. Зачинете со сок од лимон и сол по вкус.
  4. Сварете ги макароните според упатствата на пакувањето. Исцедете, зачувувајќи малку од водата во која се вареле макароните.
  5. Ставете го сосот во тава и загрејте го, додавајќи ја водата од макароните. Кога конзистенцијата ќе биде задоволителна, додадете ги макароните.
  6. Сервирајте украсено со босилек, свежо мелен бибер или лути пиперки.