Трилече (без глутен, без лактоза)
Состојки
За пандишпанот:
- 1 чаша безглутенско брашно
- 1 чаша фино бадемово брашно
- 2 лажици пченкарен скроб
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажица прашок за печиво
- 3/4 чаша бел шеќер
- 1/4 чаша вегански путер (омекнат на собна температура)
- 3/4 чаша растително млеко
- 1/4 чаша веган мајонез
- 1 лажица екстракт од ванила
„Три млека“ мешавина:
- 1/2 чаша засладено кондензирано (кокосово) млеко
- 1/2 чаша испарено (кокосово) млеко
- 1 чаша растително млеко
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
За шлагот:
- 1 конзерва растителна слатка павлака за шлаг (изладена преку ноќ)
Подготовка:
- Во сад измешајте ги безглутенското брашно, бадемовото брашно, пченкарниот скроб, солта, прашокот за печиво и шеќерот.
- Додајте го омекнатиот путер во сувата мешавина. Со прсти (или мешалка за тесто) втријте го путерот додека смесата не наликува на ронки влажeн песок.
- Во посебен сад измешајте ги растителното млеко, веган мајонезот и екстрактот од ванила. Истурете ги во садот со сувите состојки и мешајте со маталка додека не добиете мазно тесто (без грутки). Оставете го тестото да одмори ~30 минути.
- Загрејте ја рерната на 175°C. Намастете и обложете со хартија за печење квадратен плех (приближно 20 x 20 cm).
- Излејте го тестото во подготвениот плех и израмнете ја површината. Печете 45–48 минути, или додека чепкалка прободена во средината не излезе чиста. Извадете ја тортата и оставете ја да се излади целосно во плехот поставен на решетка.
- Штом пандишпанот е целосно ладен, избоцкајте ја целата површина на тестото со виљушка или чепкалка (ова ќе овозможи впивање на преливот).
- Мешавина „три млека“: Во сад измешајте ги засладеното кондензирано млеко, испареното млеко, растителното млеко, ванилата и прстофат сол. Мешајте додека да се соедини течноста.
- Полека прелијте ја целата површина на пандишпанот со мешавината од „три млека“, така што тортата рамномерно ќе ја впие течноста. Ставете ја тортата во фрижидер и оставете ја да се натопи најмалку 1 час (а може и преку ноќ за најдобар резултат).
- Шлаг: Изладената растителна павлака истурете ја во голем сад. Изматете ја со електричен миксер ~3–5 минути, додека не добиете воздушест, цврст шлаг.
- Нанесете го подготвениот шлаг равномерно врз оладената торта натопена со млеко. Чувајте ја во фрижидер до служење (најдобро ладна).
- Опционално: Пред сервирање, украсете ја тортата со малку мелен цимет или свежи парчиња јагода. Потоа исечете на коцки (оваа торта традиционално се сервира во квадрати) и уживајте во нејзината сочност!